Поповски: Раул добро ќе нѐ подготви за дуелот со Шпанија

21 јануари, 2018 | 10:14 часот | 506 прикажувања |

Десното крило на македонската репрезентација Мартин Поповски одлично ја искористи шансата на дуелот со Германија, постигна гол и во одбраната одигра на потребното.

За денешениот дуел со Шпанија нашиот репрезентативец изјави:

„Шпанија е финалист од последното европско првенство. Сега сме во фаза каде нема салби репрезентации. Покажавме дека можеме да се носиме со големите репрезентации, за разлика од претходните шампионати. Мислам дека селекторот Раул добро ќе нѐ подготви за дуелот со Шпанија. Имаме слична игра со Шпанија и добро ќе бидеме подготвени. Наша предност ќе биде во тактиката, доколку успееме да ги изненандиме со некоја нова тактика ќе биде „голем плус“ за нас“, рече Поповски, додавајќи дека ова е помала сала и очекува повторно да имаат голема помош од навивачите кои ќе успеат да стигнат до билети.

Натпреварот Македонија – Шпанија се игра во Вараждин Арена со почеток од 20 часот и 30 минути.