Димитров за изјавата на Ципрас: Заедничкото растење на Балканот е тежок процес кој нема алтернатива

20 јануари, 2018 | 23:26 часот | 2.043 прикажувања |

Радоста над сопствениот пораз, па макар бил и лажен!

Градењето мостови и пријателство бара мудрост, одговорност и трпение! Ни’ треба вештината на старите мајстори на филигранот. Правењето и хранењето на заемно непријателство е лесно, но штетно. Поразува радоста и брзоплетоста со која некои од нас ја дочекаа лошата наводна порака од вчера. Денес знаеме дека пораката била неточна. Изјавата е подолу и се однесува на антиката. Заедничкото растење на Балканот е тежок процес, но тој нема алтернатива!

„Патриотизмот не е краток неконтролиран излив на емоции, туку смирена и постојана посветеност во текот на целиот живот.“ Адлај Е. Стивенсон.

(фејсбук статус на Никола Димитров)

(Обновено) Ципрас: Во античко време не постоела македонска нација