Лазаров: Психолошки тежок натпревар, но ќе направиме се да направиме позитивен резултат

20 јануари, 2018 | 20:03 часот | 830 прикажувања |

Ракометната репрезентација на Македонија утре ќе го игра првиот натпревар од втората фаза на Европското ракометно првенство кое се одржува во Хрватска.

Противник на „црвено-жолтите“ ќе биде тимот на Шпанија, а според нашиот капитен Лазаров изминатите три дена за одмор биле доволни за момците на Гонзалес да се подготват за натпреварот.

Нашите момци утре на теренот ќе се сретнат со „Црвената фурија“, а капитенот на Македонија Кире Лазаров вели дека имале три дена за одмор по тешките натпревари во Загреб и влегуваат подготвени во овој натпревар.

„Мислам дека утре фалангата ќе пристигне во голем број, салата за разлика од Загреб е многу помала што значи дека ќе имаме уште погромогласна поддршка. Тоа е многу важен елемент за нас, нема да ни треба дополнителна мотивација, дури треба да се фокусираме да ги контролираме нашите емоции и чувства, да се концентрираме на она што треба да го правиме на терен“, вели Лазаров, кој потсеќа дека Шпанците се една од топ 6 репрезентации во свет.

„Мислам дека имаме шанси да направиме позитивен резултат, ќе биде психолошки тежок натпревар, но ќе направиме се да се фокусираме да пружиме еден добар натпревар и имаме големи шанси да направиме позитивен резултат“, додава Лазаров.