Воскопулос: Пет предлози за името на грчкиот регион Македонија

20 јануари, 2018 | 9:47 часот | 8.366 прикажувања |

Павлос Воскопулос Филипов, еден од водачите на партијата на Македонците во Грција „Виножито” дава интересна и оригинална идеја за надминување на разликите околу името на нашата држава.

Тој дава предлог наместо Република Македонија да го менува името, тоа да се случи со грчкиот регион Македонија и за тоа предлага 5 варијанти за решението.

1. Грчки географски регион
2. Географска грчка Македонија
3. Грчка Македонија
4. Грчка историска Македонија
5. Регион Грчка Македонија.

„Во рамки да се направи обид за компромис ќе беше праведно и конструктивно да се предложат имиња за географската област на Северна Грција со цел да се разликува чисто и јасно од РМ како што бара грчката страна”, пишува Воскопулос давајќи ги предлозите.