Червар казнет само парично за неспортскиот потег против Белорусија

19 јануари, 2018 | 19:53 часот | 458 прикажувања |

Парична казна во висина од 3.000 евра заработи хрватскиот селектор Лино Червар за неспортскиот потег против Белорусија на ЕП во Хрватска.

Червар во послдните секунди од натпреварот се обиде да го блокира играчот на противникот, преминувајќи ја линијата и зграпчувајќи го Белорусинот Краватски.

Иако хрватскиот стратег се соочуваше со потешка казна за неговиот потег, ЕХФ сепак се одлучи само за парична казна.

Со ова, Червар продолжува да ја води селекцијата на Хрватска на европското ракометно првенство.