Иван Лотески го фати светиот крст во Охридското Езеро

19 јануари, 2018 | 10:39 часот | 1.031 прикажувања |

Иван Лотески од охридската населба Варош го фати светиот крст во осветените води на Охридското езеро.

Тој беше најсреќен од околу 350 млади луѓе од Охрид и државава. Оваа година крстот ќе му носи среќа на неговото семејство, но и на целиот христијански свет. Лотески првпат го фаќа крстот на Водици.

„Многу сум среќен, за ова живееме секоја година. Секоја година се капиме и ќе продолжиме. За многу години“, рече среќниот фаќач веднаш по излегувањето од вода.

Лотески рече дека освен молитва, нема никаква друга подготовка ни физичка, ни во вода. Тој посочи дека по крстот скока четиринаесетта година со ред, а ова му е првпат да му се посреќи да го фати.