Димитров смета дека изјавата на Наумовски била неодговорна и избрзана

18 јануари, 2018 | 21:49 часот | 2.663 прикажувања |

Изјавата на преговарачот Васко Наумовски не е вообичаена и отстапува од нашата дипломатска пракса: содржина на текст кој воопшто го нема видено државниот врв, а не анализирано и изградено став да се коментира содржински веднаш по средбата.

Ова е коментарот на министерот за надворешни работи на Македонија Никола Димитров даден за ТВ 24, на вчерашната изјава на преговарачот Васко Наумовски дека предлозите на Нимиц се далеку од достоинствено решение.

„Сите мои изјави биле да, добивме текст, ќе биде веднаш пренесен на државниот врв, ќе се анализира и ќе бидете известени кога ќе изградиме став. Мислам дека ова нема доволно одговорност во ваков чекор и во секој случај беше избрзаност. Проблем е бидејќи изјавите одат секаде, се известува тука, во Грција, се работи за рамка, а не за предлог“, рече Димитров, додавајќи дека многу е лесно да се дигнат раце од прашањето, а највисока патриотска должност на сите што се вклучени во процесот е истиот да се турка напред, штитејќи ги националните интереси.

„Убаво е што сега влегуваме во фаза која беше најавена пред средбата со Нимиц, кадешто процесот ќе го водат директно министрите за надворешни работи“, посочи шефот на македонската дипломатија.

Тој рече дека целосниот извештај од предлозите на Нимиц го добиле денеска приквечер.

Наумовски: Предлозите на Нимиц далеку од достоинствено решение