Необична венчавка: папата Франциск венча стујард и стујардеса во авион

18 јануари, 2018 | 20:38 часот | 465 прикажувања |

За време на летот од престолнината на Чиле, Сантијаго со градот Икика на север од државата, папата Франциск ги венчаше стјуардесата и стјуардот на авионот.

Двојката го изговори судбоносното „да“ утринава, откако на папата му кажале дека се венчани во општина, но дека не можеле да се венчаат во црква, поради земјотресот што го погоди Чиле во 2010 година.

По разговорот со брачната двојка, папата Франциск им понудил да ги венча во авионот, а сведок бил директорот на националната авиокомпанија на Чиле, „ЛАТАМ“.

Младоженецот изјави дека папата му рекол оти настанот е „историски“ и дека никогаш претходно не се случило папа да венчава во авион.