Македонија со скок од три места на последната ФИФА листа

18 јануари, 2018 | 12:17 часот | 638 прикажувања |

Македонската фудбалска репрезентација оствари скок од три места на последната ФИФА ранг листа објавена денеска.

Македонија сега се наоѓа на 73-тото место со 446 бода, три места погоре од декемвриското рангирање кога беше на 76-тата позиција.

ФИФА следното рангирање ќе го изврши на 15 февруари.