Промовирана двојазична поштенска марка со ликот на Скендербег

17 јануари, 2018 | 16:06 часот | 1.419 прикажувања |

Во Скопје денеска беше промовирана двојазична поштенска марка со ликот на Ѓерѓ Кастриот Скендербег, иако Законот за јазици со кој се овозможува тоа сѐ уште официјално не е стапен во сила. Поштенската марка беше промовирана по повод 550 години од смртта на албанскиот национален херој.

На промоцијата присуствуваше претседателот на Собранието Талат Џафери кој на новинарско прашање одговори дека печатењето на двојазичната марка е во надлежност на Македонски пошти, а оттаму пак кусо истакнаа дека се било во согласност со законот. Со кој закон, не беше објаснето.