
Европската ракометна федерација (ЕХФ) објави видео посветено на македонските навивачи кои се во Загреб и силно ја бодрат нашата репрезентација.
Момците на Раул Гонзалес во двата досегашни натпревари остварија две победи: над Словенија и над Црна Гора. Дуелот со европскиот шампион Германија го играме попладнево во 18 часот и 15 минути.
Погледнете го прекрасното видео со наслов „Македонците навиваат за нивниот тим“.