Бујар Османи утре на средби албанскиот државен врв

16 јануари, 2018 | 18:00 часот | 484 прикажувања |

Вицепремирот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, утре ќе престојува во еднодневна работна посета на Тирана, каде што ќе оствари средби со државниот врв на Република Албанија.

Во рамки на посетата, Османи ќе оствари одвоени средби со претседателот на Албанија, Илир Мета, претседателот на парламентот, Грамоз Ручи, министерот за Европа и надворешни работи, Дитмир Бушати, како и со претседателот на Демократската партија на Албанија, Љуљзим Баша.

„На средбите ќе се разговара за билатералната соработка, регионалната соработка, проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан, како и за унапредување на меѓусебните односи на Република Македонија и Република Албанија“, соопштија од Кабинетот на Османи.

Посетата на Тирана е дел од мини балканската турнеја која Османи ја почна со посетата на Атина на почетокот на месецов и ќе продолжи со посета на Белград, а потоа и на Софија.