Скопјанец пронајден обесен во својот дом

16 јануари, 2018 | 11:15 часот | 547 прикажувања |

Скопјанец се обесил во неговиот дом во Скопје. Случајот во полиција го пријавил синот вчера околу 12.30 часот. Шеесетгодишниот Б.А. бил пронајден обесен во остава надвор од куќата од страна на неговата сопруга, која го пресекла јажето и го симнала телото на починатиот на подот.

Од страна на екипа од Итна медицинска помош во 13 часот била констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје, информираат од полицијата.

По наредба на Јавен обнител, телото на починатиот било предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.