
Повеќето луѓе мислат дека технологијата е за младите, но никој тоа не и го кажал на Кимико Нишимото. Таа е 89 годишна јапонска баба која фотографира и едитира свои фотографии во изминатите 17 години, а нејзиниот стил е навистина уникатен.
Првата средба на Нишимото со фотографијата како уметност била на 72 години. Нејзиниот син предавал почетен курс по фотографија и таа одлучила да се запише, несвесна дека ќе разбуди пасија и талент за кој не знаела дека го поседувала. Таа веднаш се вљубила во фотографирањето и почнала да прави различни чудни, но и комични автопортрети.
Пред 10 години Нишимото ја имала својата прва изложба во локален музеј во нејзиниот роден град Кумамото, а сега нејзините фотографии ќе бидат изложеби во галеријата за слики Епсон во Токио. На изложбата под наслов „Асобокане“ – што значи „Ајде да играме“ ќе бидат претставени претходно невидени дела на Кимико Нишимото, 89-годишната јапонска баба.
Сѐ уште мислите дека сте престари да пробате нешто ново? Размислете повторно…