Застрелан еден од лидерите на косовските Срби

16 јануари, 2018 | 10:23 часот | 537 прикажувања |

Лидерот на „Србија, демократија, правда“ Оливер Ивановиќ е застрелан утринава во Косовска Митровица.

Како што јавуваат српските медиуми, кон Ивановиќ било пукано додека влегувал во просториите на својата партија утринава околу 8:15 часот.

Според неофицијални информации, Ивановиќ по нападот бил итно пренесен во болница, но лекарите можеле само да констатираат смрт.

Полицијата пред партиското седиште пронашла три чаури. Неофицијално кон Ивановиќ пукал непознат маж од пиштол.

Ивановиќ бил оженет и татко на три сина.