Ванковска: Со Договорот, Бугарија е Силниот, а Македонија Слабиот

15 јануари, 2018 | 15:16 часот | 1.808 прикажувања |

Собранието, одвај, со само 61 глас ЗА, ратификуваше срамен и штетен договор за добрососедство со Бугарија. Во своето обраќање, министерот Димитров изјави: „Денес ќе направите голема работа ако го поддржите ратификувањето. Регионот е оптоварен со историја, историјата е важна но на неа не можеме да делуваме, можеме на иднината. Убаво е кон соседите да можеме да се однесуваме како кон еднакви, да не се плашиме, и нас ни требаат пријатели и ние им требаме нив.“

Ова е дрскост и ароганција од невиден вид! Токму Бугарија покажа колку е оптоварена со историјата, барајќи ревизија на историските читанки, во вид на услов/уцена за иднината. Јазикот си го погазивме и деградиравме, ама баш за ништо за возврат!

Во Договорот не фигурираат две страни како ЕДНАКВИ; туку како Силниот наспроти Слабиот (кој уште и го третира како свој, како да не постои). Уште еден срамен чин на македонската дипломатија и влада со кој се гази по нашето национално достоинство и посебност во име на некаква ветена иднина. Секој ден срамот станува се’ поголем и потежок!

(фејсбук статус на проф. Билјана Ванковска)