
Британскиот амбасадор во Скопје Чарлс Гарет на својот службен Твитер налог денеска напиша:
„Во сесија за бугарското претседателство за ЕУ се употребуваат 4 јазици. Успешна работа!“.
На фотографијата која ја прикачил, се гледа дека зборува пратеникот Артан Груби на албански јазик, додека министерот за надворешни работи Димитров, бугарскиот амбасадор Петков и евроамбасадорот Жбогар имаат ставено слушалки за превод.