Русија ќе го прифати новото договорено име на Македонија

15 јануари, 2018 | 12:24 часот | 808 прикажувања |

Русија, најверојатно, ќе го признае новото име на Македонија што ќе го договорат Скопје и Атина, изјави шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, за време на годишната прес-конференција на која зборуваше за надворешната политика на Русија во 2017 година, пренесе Макфакс.

Лавров рече дека тој спор долго време бил во полузаспана состојба и дека сега оживеал кога САД одлучиле Македонија да влезе во НАТО.

Шефот на руската дипломатија потсети дека Грција е веќе членка на НАТО и дека на неа не ѝ е неопходно да прави отстапки, туку на Македонија.

Какво било решение, кое ќе го најдат двете страни и тоа да биде поткрепено со македонскиот Устав, ние најверојатно ќе го прифатиме, нагласи Лавров.