Во тетовско Брвеница пронајдени остатоци од човечко тело

15 јануари, 2018 | 12:22 часот | 528 прикажувања |

Остатоци од човечко тело биле пронајдени во село Брвеница, Тетовско, информираат од МВР.

Вчера во 13.20 часот во Центарот за известување и команда Тетово било пријавено дека во атарот на село Брвеница зад фарма за свињи се пронајдени остатоци од човечко тело.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово. Остатоците биле подигнати и предадени на лекар од Судска медицина за понатамошна постапка. Исто така, биле пронајдени и обезбедени неколку парчиња облека. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.