Папата доби ламборџини на подарок, но ќе го донира во хуманитарни цели

15 ноември, 2017 | 12:55 часот | 172 прикажувања |

Уникатен модел на луксузен автомобил „ламбурџини“ бил изработен од страна на оваа компанија за папата Франциско, информираше прес-службата на Ватикан. Автомобилот под името „Хуракан“ му бил предаден на поглаварот на Римокатоличката црква за време на аудиенцијата со раководството на компанијата.

Прес-службата наведува дека автомобилот ќе биде продаден на аукција од страна на „Сотбис“, а сите средства ќе бидат наменети за хуманитарни цели кои опфаќаат неколку проекти. Меѓу ние е и обновување на зоните во Ирак каде што живееле христијани, со цел да се вратат во родните места, кои ги напуштиле поради војната. Друг проект кој се реализира од асоцијацијата „Заедница Папата Јован XXIII“ предвидува помош за жени и деца, жртви на проституција.

Инаку, „Ламборџини“ не е прва компанија што му подарува превозно средство на папата Франциско. Пред извесно време, Ватикан продаде на аукција мотор „Харли Дејвидсон“.