62-годишен скопјанец пронајден мртов во Маџари

15 јануари, 2018 | 12:21 часот | 616 прикажувања |

Шеесет и двегодишен скопјанец бил пронајден мртов во својот дом во Маџари. Телото на починатиот го пронашол внук му.

Според информациите на МВР, вчера во 7.26 часот Љ.П. пријавил во полиција дека со прострелна рана од огнено оружје во главата го пронашол дедо си Ж.М. (62) во неговиот дом на улица Иван Наумов – Алабакот во Скопје. Од страна на лекар од итната медицинска помош била констатирана смрт, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

По наредба на јавен обвинител, над телото на починатиот ќе биде извршена обдукција за да се утврдат причините за смртта.