Бугарскиот амбасадор: Ја имате нашата поддршка за влез во ЕУ и НАТО

15 јануари, 2018 | 12:17 часот | 523 прикажувања |

Македонија ја има бугарската поддршка за членството во Европската Унија и НАТО. Ова го посочи Иван Великов Петков, бугарски амбасадор во земјава, на денешното презентирање во македонското Собрание каде ги презентираше прироритетите на бугарското претседавање со ЕУ.

„Бугарија ги поддржува напорите на Владата на Македонија, опозицијата и граѓанското општество за постигнување на највисоките национални цели – членство во ЕУ и НАТО и тоа да се случи за време кога со Европскиот совет претседава токму Бугарија“, рече бугарскиот амбасадор во Скопје.

Тој нагласи дека за македонската евроинтеграција потребно е спроведување на итните реформски приоритети.

Најави дека Бугарија за време на претседателството со ЕУ, ќе работи на зголемување на контактите меѓу земјите од Западен Балкан и подобрување на односите меѓу нив. Великов Петков го изрази своето задоволство што Договорот со за добрососедство со Бугарија денеска е ставен на ратификација во Собранието на Македонија.

фото: Нова Македонија