Договорот со Бугарија и Законот за ОТА пред пратениците

15 јануари, 2018 | 10:11 часот | 425 прикажувања |

Пратениците во македонското Собрание денеска треба да го ратификуваат Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија кој беше потпишан од страна на премиерите на двете земји, Зоран Заев и Бојко Борисов на 1 август 2017 година во Скопје.

Пред седницата, Собранието ќе одржи посебна седница на која амбасадорот на Бугарија во земјава, Иван Великов Петков ќе ја презентира програмата и приоритетите за работа на бугарското претседателство со Советот на Европската Унија за периодот јануари – јуни 2018 година.

На денешната триесетта седница, точки на дневен ред се и две измени и дополнувања на Законот за внатрешни работи, Предлог на закон за Оперативно – техничка агенција (ОТА), Предлог на закон за дополнување на Законот за класифицирани информации, Предлог на закон за следење на комуникациите, измени и дополнувања на Законот за електронските комуникации, дополнување на Законот за извршување на санкциите, измени и дополнувања на Законот за јавното обвинителство, измени и дополнувања на Законот за јавнообвинителска служба, дополнување на Законот за судовите, измени и дополнувања на Законот за кривичната постапка сите во прво читање.

Во Собранието денеска ќе се одржат седници на комисиите за европски прашања и за култура и Законодавно-правната комисија.