Не сум расист, тврди Доналд Трамп

15 јануари, 2018 | 10:06 часот | 591 прикажувања |

По серијата обвинувања за неговата изјава во која го искористи зборот – шутрачки, за да ги опише африканските нации американскиот претседател Доналд Трамп негира дека е расист, пренесе БиБиСи.

Тој минатата недела го употреби тој збор, за време на состанокот за имиграциска реформа со членовите на Конгресот.

„Не сум расист. Јас сум последната расистичка личност која сте ја интервјуирале“ рече Трамп во одговор на прашањето што би им порачал на тие што го обвинуваат дека е расист.

Според БиБиСи, Трамп се брани откако одделни високи претставници го обвинија дека на состанокот во Белата куќа, искористил вулгарен збор кога ги опишувал Хаити и одделни африкански земји.

Ова е прв пат еден претседател директно да одговори на расистички обвинувања.