ВИДЕО: Сашо Тасевски си замина од интервјуто со Васко Ефтов

14 јануари, 2018 | 23:04 часот | 17.794 прикажувања |

В.д. директорот на Драмски театар Сашо Тасевски си замина на сред интервју од емисијата „Во центар“ на новинарот Васко Ефтов, по констатацијата на Ефтов дека Тасевски има двојни аршини кога се во прашање политиките на минатата и на сегашната власт, особено изборот на Талат Џафери за министер за одбрана во времето на ВМРО-ДПМНЕ и неговиот избор за претседател на Собранието во новото мнозинство предводено од СДСМ.

„Сега не сте инспириран. Некој ви имаше ветено функција. Затоа молчевте. Тоа е проблемот. Тоа се двојните принципи и стандарди, господине Тасевски. Тоа цела емисија зборам“, рече Ефтов, по што в.д. директорот на Драмски го извади микрофонот, го стави на масата и го прекина интервјуто.