Договорот со Бугарија утре на ратификација во македонското Собрание

14 јануари, 2018 | 22:17 часот | 1.040 прикажувања |

Македонските пратеници утре на 30-тата седница треба да го ратификуваат Договорот за пријателство, добрососедство и соработка помеѓу Македонија и Бугарија. Со ратификувањето во парламентот, договорот стапува на сила веднаш.

Како што известија од Законодавниот дом, освен ратификувањето, на дневен ред утре ќе биде и презентирањето на програмата и приоритетите за работата на бугарското претседателство со Советот на ЕУ, што ќе ги презентира бугарскиот амбасадор во Македонија, Иван Великов Петков.

„На овој состанок, освен обраќањата на претседателот на комисијата г. Артан Груби и амбасадорот Иван Великов Петков, ќе се обратат и заменик премиерот Бујар Османи, Министерот за надворешни работи Никола Димитров и амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија, г. Самуел Жбогар“, информираат од македонското Собрание.

На дневен ред во Собранието се и реформските закони за следење на комуникациите, на законите за администрација, законот за амнестија итн.

Во четврток, на 18-ти јануари пред македонските народни избраници ќе се обрати генералниот секретар на НАТО, Јанс Столтенберг, кој ќе дојде во дводневна официјална посета на земјава.