Војската ја презеде власта во Зимбабве преку државен удар

15 ноември, 2017 | 11:50 часот | 272 прикажувања |

Претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе и неговото семејство се во домашен притвор, соопшти локалниот медиум Њуз 24, цитиран од ТАСС. Според медиумот, 93-годишниот лидер на земјата се подготвувал да поднесе оставка.

Изминатава ноќ од војската, која ја презедеа власта во Зимбабве, соопштија дека не вршат воен удар, туку само интервенција против криминалци од кругот на Мугабе и дека претседателот и неговите блиски се безбедни и се живи и здрави.

Опозициската партија Движење за демократски промени (ДДП) повика на мирно враќање на уставната демократија во земјата, објави Ројтерс.

ДДП додаде дека се надева оти воената интервенција ќе доведе до стабилна, демократска и прогресивна земја.