
Американците не сакаат ТВ водителката Опра Винфри да се кандидира за претседател на САД. Ова го покажуваат податоците од новата анкета на институтот „Марист Пол”, јави АФП.
Само 35% од анкетираните 1.350 лица сакаат Опра да се кандидира на изборите во 2020 година.
Сепак, ако Опра биде еден од кандидатите, тогаш, според анкетата, 50% од Американците се подготвени да гласаат за неа наспроти 39% кои би гласале за Доналд Трамп, во случај тој да се бори против неа.