Кои луѓе се дел од новиот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ?

12 јануари, 2018 | 21:37 часот | 379 прикажувања |

ВМРО-ДПМНЕ вечерва го избра новиот Извршен комитет по предлог на лидерот, Христијан Мицкоски.

Во Извршниот комитет се претседателите на општински комитети, Иван Јорданов од Штип, Кирил Пецаков од Охрид и Орце Ѓорѓиевски од Кисела Вода.

Во ИК влегуваат и: Владимир Нелоски, Даниела Рангелова, Игор Николов, Трајко Славевски, Драги Димитриевски, Влатко Ѓорчев, Силвана Ангелеска, Тони Михајловски, Димитар Димовски, Дафина Стојаноска, Златко Перински, Коце Трајановски, Дејан Јовановски, Дејанчо Ефтимов, Цветан Трипуновски, Игор Божиновски, Костадин Богданов, Ане Лашкоска и Бајрам Требишки.

За потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ се избрани Митко Јанчев, Александар Николовски и Владо Мисајловски, додека нов генерален секретар на партијата е Игор Јанушев. Потпретседателите и генералниот секретар се членови на Извршниот комитет на партијата, заедно со претседателот Мицкоски.