По критиките од јавноста, Тунтев предлага намалување на патните трошоци

12 јануари, 2018 | 13:51 часот | 1.041 прикажувања |

Пратеничката група на СДСМ до Собранието поднесе два предлог закони за дефинирање на патните трошоци или престојот на пратениците, информираше денеска на брифинг со новинарите, координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев.

Измените како што рече тој се однесуваат на законот за плати и недоместоци и законот за пратеници.

Предлог-законот на СДСМ предвидува надоместокот, односно висината на сумата за патни трошоци да изнесува максимум 20 отсто од цената на горивата.

Наплатата според овој предлог закон би се вршела само со фискална сметка која е платена од личната картичка на пратеникот, за да се отстранат како што објасни Тунтев, сите сомнежи дека пратеникот би можел да носи и фискални сметки кои од други лица.

Јавноста бурно реагираше откако ја дозна сумата на патните трошоци кои ги зеле пратениците само за два до три месеци од почетокот на работата на Собранието годинава. Само за март и април некои од пратениците добиле и по 150 илјади денари (околу 2.400 евра). Реакции за високите патни трошоци имаше и СДСМ кога беше во опозиција.

извор: Нова ТВ