Министерот Димитров утре на средба со неговиот грчки колега Коѕијас

10 јануари, 2018 | 20:39 часот | 529 прикажувања |

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров, утре ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас.

Како што соопштија од МНР, разговорите ќе се фокусираат на прашања од билатерален интерес, како и на понатамошно зајакнување на мерките за градење доверба.