Дрисла одзеде повеќе животи отколку сите војни заедно

10 јануари, 2018 | 15:04 часот | 2.994 прикажувања |

Дрисла и вашите мо*ани 200 000 фунти!
Дрисла не е депонија, Дрисла е гужвата во осум часот наутро на онкологија и хематологија, Дрисла е да се туркаш за столче за да примиш цитостатик, да примиш нов, појак отров како Дрисла да не те отрула доволно. Дрисла се 20 милиони евра годишно потрошени на цитостатици. Таа не направи водечка држава во свет, по загадување и по заболени од рак. На еден пациент во просек за „проба за лекување“ се трошат 100 000 евра, па мислам со купување на еден филтер од мо*ани 200 000 фунти многу ќе заштедиме!
Дрисла се заробените деца во домовите, тие настинатите цела зима, тие со „слаб“ имунитет, имунитет кој им е уништен!
Дрисла е уништувач на сонови, на животи, на семејства! Дрисла е две годишна борба за живот, Дрисла е хроничната зимска кашлица. Јас барем некако преживеав, но многу други ја платија со живот. Од 1994 година па наваму Дрисла и одзеде на Македонија повеќе човечки животи него сите војни заедно 1000 години наназад.
Ние сме една збирштина безкичмењаци, што дури кога и животот ни е во опасност велиме ќути има и полошо!
И да, сликите се грди, многу се грди! Тие се одраз на Дрисла и сите останати ѓубриња како неа!

(фејсбук статус на Сашо Даневски)