Според британскиот парламент во Македонија има 1.350.000 Македонци

10 јануари, 2018 | 14:45 часот | 2.466 прикажувања |

Во Македонија живеат 1.350.000 Македонци, сите во земјава, нема Македонци во опкружувањето, пишува во извештајот на Комитетот за надворешни работи на британскиот парламент објавен денеска. Направен е забележителен напредок за евроатлантските интеграции, 70 насто од анкетираните се за приклучување кон НАТО.

Македонија сѐ уште ја спречува блокадата од Грција поради разликата околу името- пишува во извештајот за Западен Балкан. Во деталната анализа за политичките прилики на Западен Балкан опфатена е и етничката структура на народите.

Според овој документ, во Македонија живеат 1.350.000 Македонци, и нѐ нема како малцинство во нашето опкружување, од друга страна Србија има 20 проценти дијаспора во соседството, додека пак Албанија го држи приматот со 47 проценти од своето население, најмногу во Косово и во Македонија.

Западен Балкан сѐ уште претставува извор на нестабилност во Европа. Вестминстер препорачува да не се брза со интеграција доколку државите не се целосно подготвени, а евроатланските институции да не ги намалуваат критериумите за членство.