Османи: До крајот на јануари ќе има конкретен предлог за името

10 јануари, 2018 | 10:45 часот | 493 прикажувања |

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи синоќа во Атина зад затворени врати се сретнал со шефот на грчката дипломатија Коѕијас, како и со алтернативниот министер за надворешни работи Јоргос Катругалос.

По средбата Османи изјави дека во моментов не се разговара за предлози, но дека на крајот на овој месец ќе има конкретен предлог и ќе може да се заземе став.

Инаку, вчера додека османи имаше средби во Атина, демонстранти протестираа и извикуваа „Македонија е грчка“.