Таравари организираше средба за гостиварските диџеи

9 јануари, 2018 | 17:42 часот | 566 прикажувања |

Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари, денес ги прими Јетон Кадриу (DJ Dark Child), Илир Селими (DJ Knockout) и Џелал Луши (DJ Chronic).

„Познатите гостиварските диџеи ја изразија својата готовност за организирање разни настани наменети за младите од Гостивар за што бараат поддршка од Општина Гостивар. Тие го запознаа градоначалникот Таравари дека веќе се во подготвителна фаза на летен фестивал, како и дека планираат да организираат пречек на Новата година“, се вели во соопштението на Општина Гостивар.

Таравари рекол дека во овој мандат ќе посвети посебно внимание на културно-уметничките и забавно-рекреативните активности со посебен акцент за младите.

„Општина Гостивар ќе биде отворена за соработка во овој правец не само за граѓанските организации туку и за неформалните групи и за поединци што се активни во унапредување на културниот и општествениот живот живот во нашата општина“, рече Таравари.