Хасани од ДПТМ ја напушта коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ

9 јануари, 2018 | 15:04 часот | 571 прикажувања |

Уште еден пратеник од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија ќе делува како независен пратеник. Станува збор за Јусуф Хасани од Демократската партија на Турците на Македонија.

Хасани со допис денеска го извести претседателот на Собранието Талат Џафери дека ќе настапува како независен пратеник, а не како пратеник на коалицијата „За подобра Македонија“ застапувајќи ги правата, волјата и гласовите на неговите гласачи.

Инаку, Хасани е третиот пратеник што ја напушта коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, по Чедомир Саздовски од ГРОМ и Амди Бајрам од Сојузот на Ромите.