Мицкоски: Во Собранието нема демократски услови за да се вратиме

9 јануари, 2018 | 14:38 часот | 1.183 прикажувања |

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот состанок координирано одлучи дека нема да учествува во работата на Собранието се додека не се створат услови за демократско функционирање, изјави лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, денеска од пред Собранието.

Ваквата одлука партискиот врв ја донел затоа што неколкумина пратеници од оваа партија се уште се во притвор како осомничени за тероризам и уставно загрозување, поради нивната инволвираност во настаните од 27 април минатата година.

Мицкоски рече дека пратениците се обединети и дека координирано ја донеле ваквата одлука, откако Антонио Милошоски и Илија Димовски одбија да присуствуваат на конгресот каде што тој беше избран за претседател.

„Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, онаа која е на слобода со исклучок на бесправно задржаните во притвор, е конструктивна и учествува заеднички во креирање на одлуките на состаноците. Многу пати во минатото повторувам пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е единствена, обединета и сите заедно стоиме зад овие ставови“, рече Мицкоски.

Како што посочи тој во моментов нема демократски амбиент за работа во Собранието, затоа што 12 отсто од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се наоѓа во притвор. Тој го повтори ставот на народниот правобранител, според кој човековите права биле прекршени при апсењето на пратениците.

„Народниот правобранител констатираше дека при преведувањето на 28-ми ноември е повредено правото на пратенички имунитет. Народниот правобранител констираше дека полициските службеници не се придржувале до правната процедура за приведување. Доколку при приведувањето лице се повика на имумните, полицискиот службеник го прекинува апсењето, повеќе од јасно е дека надлежните сториле кривично дело кое предвидува санкции за противправно лишување од слобода“ – рече Мицкоски.

Ова е доказ, додаде тој, дека во Македонија имаме класичен политички прогон, злоупотреба на институциите за пресметка со сите кои мислат поинаку и не се плашат, посочи Мицкоским, да се спротив на антидржавните политики.

„Целата слика за недемократски амбиент се заокружува со фактот дека десетици други уметници се наоѓаат во притвор со измислено обвинени за тероризам и без ниеден правен аргумент. Власта треба да избере меѓу реформи и просперти, и политички прогон и пресметки со неистомисленици“, додаде тој.