Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не се враќаат во Собранието

9 јануари, 2018 | 12:11 часот | 502 прикажувања |

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска нема да се вклучи во работата на Собранието, е одлуката што е донесена на координативниот состанок на најголемиот дел од пратениците со партискиот врв.

Од партијата не наведуваат детали зошто донеле ваква одлука, само посочуваат дека претседателот на партијата Христијан Мицковски во 13 часот ќе одржи прес-конференцикја на која ќе биде образложена нивната одлука.