Поради маглата намалена видливост на повеќе патишта

9 јануари, 2018 | 9:51 часот | 494 прикажувања |

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла има во Охрид, Струга, Ресен, Кичево, М.Брод, Битола, Куманово, Тетово, Павлешници, Велес, Катланово-Велес и Отовица-Катланово, информира АМСМ.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.