Заев, Иванов и Џафери на божикен ручек кај архиепископот Стефан

9 јануари, 2018 | 9:48 часот | 516 прикажувања |

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан по повод божиќните празници и својот именден – празникот на архиѓакон и првомаченик Св.Стефан, денеска ќе приреди традиционален божиќен ручек за државниот врв.

Поканети се претседателот на државата, Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев и претседателот на Собранието, Талат Џафери. Божиќниот ручек традиционално се одржува во резиденцијата на архиепископот г.г. Стефан, а ќе присуствуваат и дел од членовите на Светиот синод на МПЦ-ОА.