ФОТО: Погледнете ги највпечатливите маски на Бадникарскиот маскембал во Тетово

7 јануари, 2018 | 13:10 часот | 1.289 прикажувања |

Во Тетово и оваа година за Бадник продолжи дводецениската традиција на маскирање.

Вообичаено, Бадникарскиот маскенбал во Тетово го започнуваат децата, кои маскирани ги посетуваа семејствата пеејќи ја познатата песна Бдња баба. Домаќинките за возврат им даваа костени, јаболка, тиква и пари.

Подоцна повозрасните со духовити и инвентивни маски до доцните вечерни часови се забавуваат во тетовските кафулиња. На маскенбалот преовладуваат најразлични маски од филмски и цртани јунаци, херои и негативци од стрипови и слично…

Погледнете ја галеријата од вчерашниот маскембал за Бадник во Тетово: