Во Солун ќе се протестира против употребата на името Македонија

6 јануари, 2018 | 19:26 часот | 613 прикажувања |

Грчките здруженија што собираат потписи за терминот Македонија да не биде вклучен во името, преку социјалните мрежи на 21 јануари организираат протест во Солун.

Не се исклучува можноста да се одржат повеќе различни демонстрации, но со истата порака против името Македонија.

Во рамки на кампањата под името „Македонија значи Грција“ која е во тек, се планирани демонстрации во Северна Грција, резолуции, собирање потписи, барање за референдум и не прифаќање на какво било име со терминот Македонија.

Зад иницијативата стои „Грчката федерација на културни здруженија на Македонците“, заедно со грчките здруженија и организации од дијаспората, кои имаат и силна медиумска поддршка. Собирањето потписи ќе трае до 31 јануари.

извор: Макфакс