Касами разрешен од претседателската функција во БЕСА?

6 јануари, 2018 | 19:22 часот | 622 прикажувања |

Централниот совет на Движњето Беса одржа две паралелни средби, една во Тетово, а другата во Скопје, пренесе Алсат М.

На средбата што се одржа во Скопје присутните гласаа за разрешување на Билал Касами од функцијата претседател на партијата.

На седницата на Централниот совет која се одржа во Тетово, беше донесена одлука за одржување на Конгрес на 24 февруари 2018 и формирање на комисија за организирање на конгресот. Исто така, беше одлучено до одржување на конгресот партијата да ја води досегашниот претседател Биљал Касами.

извор: Алсат М