Пуштени во употреба новите административни канцеларии во општина Кривогаштани

5 јануари, 2018 | 19:01 часот | 445 прикажувања |

Заменикот министер за локална самоуправа Дејан Павлески и градоначалникот на општина Кривогаштани Рубинчо Шефтеровски, во присуство на градоначалници од регионот, денеска ги пуштија во употреба новите административни канцеларии на општината.

Во рамките на посетата, на средбата со градоначалникот, Павлески разговараше за функционирањето на општината и обезбедувањето на јавните услуги.

Притоа беше истакнато дека со обновувањето на општинската зграда се создаваат и подобри услови за испорака на административните јавни услуги за граѓаните, како и за поефикасно и потранспарентно работење на локалните власти и на општинската администрација.

Адаптацијата на општинската зграда во Кривогаштани е направена со средства од ИПА инструментот на Европската Унија во рамките на поширок проект во вкупна вредност од 260 000 евра. Со реализацијата на проектот општината доби и нов зелен пазар, пазар за млечни производи, како и промена на старите со нови штедливи светилки на регионалните патишта што минуваат низ општината.