Дом на АРМ: Концерт на уникатната Елиф Чаглар со нејзиниот џез квартет

14 ноември, 2017 | 10:18 часот | 261 прикажувања |

Во рамките на „Есенски музички свечености“ в четврток со почеток во 20 часот, во Домот на АРМ концерт ќе одржи уникатната Елиф Чаглар со нејзиниот џез квартет.

Елиф Чаглар студирала џез композиција на „Билги“ Универзитетот во Истанбул. Својот прв албум „1-10“ го издава со својот бенд „Bagdat Avenue“. Во 2006 година Елиф оди во Њујорк каде магистрира на „Арон Копланд“ академијата со почести, под менторство на легендарната џез вокалистка Шеила Јордан. Чаглар настапувала на голем број интернационални фестивали.

Нејзиниот прв носач на звук „M-U-S-I-C“ издаден од „Nu-Dc Records“ е прв во Турската музика историја со оригинални авторски композиции на англиски јазик и аранжмани напишани од жена вокалист. Во 2013 година Чаглар се вклучува во „ With Blues to Life“ албумот заедно со блуз мајсторите од Чикаго: Џими Брнс и Кетрин Дејвис. Додека работела на својот втор албум, Чаглар издала сингл со две оригинални турски композиции наречени „Hafif Batı Müziği“. Титулата најдобар џез музичар која ја доделува „Radyo Boğaziçi Music Awards“ ја добива два пати. Последниот свој албум „Misfit“ го издава во 2015 година.

Џез квартетот кој ќе настапи в четврток со Елиф го сочинуваат: Чагри Сетел, Волкан Хурсевер и Едиз Хафизоглу.