Огнен Здравковски со песна од Тоше го освои жирито на Гранд

5 јануари, 2018 | 18:24 часот | 821 прикажувања |

Младиот талентиран пејач Огнен Здравковски со својата маестрална изведба на големиот хит „Тајно моја“ од Тоше Проески предизвика овации во студиото на „Ѕвездите на Гранд“, а жирито едногласно одлучи да се пласира во вториот круг.

На големата сцена Здравковски ја отпеа и „Звао сам је Емили“ од Здравко Чолиќ и покажа дека одлично умее да ги владее и најголемите хитовите во регионот.

Вториот круг започнува многу наскоро, а јавноста со нетрпение очекува повторно да го види Огнен Здравковски на сцената.