Договорот со Бугарија во македонското Собрание на 15 јануари

5 јануари, 2018 | 12:19 часот | 1.047 прикажувања |

Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија ќе биде ставен на дневен ред на Собранието на седницата закажана за 15 јануари. Предлог-законот кон крајот на декември помина и на Комисијата за надворешна политика.

Договорот резултира како крај на петгодишниот процес на МНР, а е надградба на договорот од пред 18 години.

Договорот беше потпишан на 1 август 2017 година од страна на премиерите на Македонија и Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, кои го претставија како договор за зацврстување на пријателските односи, уанпредување на добрососедството, а удел ќе има и во економскиот развој на двете држави.