Градските власти до жителите на Скопје: Воздржете се од палење коледарски огнови

5 јануари, 2018 | 9:31 часот | 508 прикажувања |

Градските власти апелираат до жителите во Скопје да се воздржат од палење коледарски огнови со цел да се заштити животната средина и амбиенталниот воздух.

Минатиот месец градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов ги повика граѓаните да се воздржат од палење отворени коледарски огнови пред Бадник.

Градоначалниците на сите скопски општини годинава донесоа одлука и за забрана за доделување дрва од општините за таа намена со цел да се спречи дополнително загадување на воздухот во главниот град.

Граѓаните може да пријават запален оган на отворено на телефонската линија 193.