Во Дојран утрово почувствуван земјотрес од 3,3 степени

5 јануари, 2018 | 9:28 часот | 596 прикажувања |

Земјoтрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди Дојран, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија денес, 5 јануари, во 04 часот и 06 минути регистрирше земјотрес кој потекнува од дојранското епицентрално подрачје со интензитет III според Европската макросеизмичка скала“, се вели во соопштението.

На 2 јануари во 5 часот и 24 минути на 10 километри источно од Дојран беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени.