
Хрватскиот стратег Роберт Просинечки е нов селектор на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина.
Просинечки доби поддршка од членовите на Извршниот одбор на фудбалскиот сојуз на БиХ пред неговиот противкандидат Амар Осим.
Хрватот на клупата на Босна ќе го наследи Мехмед Баждаревиќ, а пред себе ќе има главна цел да ја однесе репрезентацијата на следното европско првенство.